Рецепт за убав ден на Душко Трифуновски

Овој пат со читателите на убаво.мк својот рецепт за убав ден го споделува младиот автор Душко! 

Многу е важно дали ќе ја употребиме ноќта продуктивно за да имаме убав ден, а ноќната продуктивност подразбира мирен сон, но онолку колку што ќе нè држи свежи.

Секое утро го започнувам со звукот на алармот дури и тогаш кога немам обврски, сè со цел да си најдам домашна корисна занимација. До вчера работев на новиот роман на кој му ставив точка и го испратив на работа кај моите издавачи Арс Ламина, а од утре знам дека ќе се чудам што да правам со себе.

Секогаш велам дека денот се познава по утрото. Важно е предвреме да зацртаме цели кои ќе ги оствариме во текот на денот, па макар да е тоа само прошетка до продавница.

Секако, неизбежен елемент е и комуникацијата со другите луѓе покрај домашните членови. Најчесто тоа се соработници со кои се консултирам за мојата работа како автор, иден професор, и секако, кафе-разговор за моја душа.

Луѓе, не заборавајте да давате убавини на луѓето, само така се враќаат. Нека Ви е секој ден убав со UBAVO.MK