Убави книги и филмови

Се мислите која книга да ја прочитате?

Богат е оној кој патува во бескрајните предели на пишаниот збор и открива многу приказни, запознава илјадници ликови и судбини.

Млеко и мед (Рупи Каур) „Млеко и мед”  е збирка поезија за љубовта, загубата, траумата, малтретирањето, зацелувањето и женственоста. Поделена на четири поглавја и секое поглавје има друга цел, се справува со различен тип болка, лекува друг тип болка во срцето .„Млеко и мед” ги води читателите на патување низ најгорчливите моменти во животот и наоѓа слатки нешта во нив – затоа што слатки нешта има насекаде, само ако сте желни да ги побарате.

Сопруга на хартија (Лајла Ибрахим) Јужна Кина, 1923 година. Очајни да ѝ обезбедат иднина, родителите на Меј Линг договараат нејзин брак со вдовец кој живее во Калифорнија. За да влезе во земјата, Меј Линг мора да се преправа дека е првата сопруга на својот сопруг- сопруга на хартија. За време на опасното патување, Меј Линг прима под своја закрила девојче- сирак по име Сју. Соништата за подобар живот во Америка ѝ даваат сила на Меј Линг да ги издржи мачното патување и држењето во излоација на островот Енџел. Но, кога конечно ќе стигне во Сан Франциско ја чека изненадување…

Загубената чест на Катарина Блум (Хајрних Бел) Во ерата кога новинарите бескрупулозно ги користат сите можни средства да дојдат до сензационална приказна, новелата на Хајнрих Бел – „Загубената чест на Катарина Блум“ повторно станува болно актуелна. Младата жена Катарина Блум која има некаква врска со прогонуван криминалец, станува цел на новинарот кој се обидува да ги освои насловните страници така што ќе ја претстави како расипана и развратна.  Како што ескалираат нападите врз неа во написите на сензационалистичкиот „ВЕСНИК“ и таа станува и жртва на анонимни закани, Катарина гледа само еден излез од тој кошмар. Свртувајќи го наопаку жанрот мистерија, новелата на Бел почнува со признание за злосторство, вовлекувајќи го понатаму читателот во една мрежа на сензационализам, убиство на еден од ликовите и неизбежна ерупција на насилство.

Поврзани статии

Back to top button