Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Александар Алексов

Во рубриката “Рецепт за убав ден” денеска се дружиме со младиот и талентиран автор Александар.

Секое утро се трудам да ми е поразлично, затоа што сум човек што ги мрази рутините.
Секогаш се будам пред алармот.
Погледнувам од прозорецот и скоро секогаш ги гледам надвиснатите оловни тмурни облаци над градот, а улицата e раздвижена наутро, затоа го обожавам тој поглед, после 19 часот е скоро секогаш празна, иако е централната улица во градот и секогаш се прашувам каде се луѓето, но осаменост тешко се објаснува.
Мразам кафе, денот ми почнува со чаша вода и лимон, чај или какао. Сменив многу видов на чаеви, но никако да пронајдам некој убав уникатен вкус за мене, не е до чаевите и нивните тајни, до мене ќе е проблемот. Пијам од нога и вежбам некои лесни стомачни вежби.
Денот ми почнува со студите, затоа секој работен ден трчам на предавање и секој ден се карам себе си зошто не успеавам да отидам некој ден бареме пет минути порано, и секогаш престигнувам точно 7.59 миниту, една минута пред да почне предавањето, колку да се сместам. Затоа што секогаш доаѓам последен сите морам  ги поздравам. После предавањата почувам со работата од 14 до 22 или 23 часот или од 17 до 02 часот. И кон работа, пак со трчање и таму стигнувам една минута пред да се искуцам во точно 14 часот или 17 часот. Исто како што се расправам поулица наутро со самиот себе си зошто е толку комплициран германскиот јазик и тешко разбирам на предавањата, по осамената улица за кон работа сум во истиот монолог: зошто морам да одам на работа која не ја сакам.
Посакувам да сум во Скопја и таму секогаш брзам, но никому не ми е проблем кога ќе задоцнам. Кога секогаш имам резервирано термин за кафе со позитивни пријатели, и тоа е една од најважните работи од денот, и тоа секогаш на различни места низ Скопје и често шверц со полноќниот автобус кон дома. Многу од тие луди работи ми недостигаат, ми фали тој адреналин, овде се подредено во некој ред, надоплнет со некој спокој.
Оние залутани слободни денови ги користам за планинарење низ шумата или патувања низ Европа. Во Ноември е магично, шумите се волшебни во Германија. Обоени во шарен колорит, во нив ги полнам батерите. Жолт или црвен капут со капујача за дожд, гумени чизми и друштво на мојата драга пријателка Ирена страстен планинар, се толку убаво време поминато низ германските шуми, а срцето секогаш ја бара Солунска глава, таму како да постои некоја неопишлива космичка енергија. E тоа е рецепт за убав ден.
Заспивам со книга и со одвинување зошто не пишував и денес, и секогаш ветување за утре дека ќе направам подобра организација на денот и ќе пронајдам време за пишување, да напишам некоја од многуте веќе наталожени приказни за мојата нова книга. Утредента пак истиот Александар се буди во трка со времето во монолог со бакарните облаци кои ќе се заборават се до април.

Поврзани статии

Back to top button