Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Христина Младенов

Христина – девојката која е вљубена во модата, фотографијата и блогерството денес со вас го споделува својот рецепт за убав ден!

Мојот ден започнува после третиот аларм, значи мора да се барем три па почнува… 🙂
Секој нов ден носи нови предизвици, затоа секогаш гледам да сум претходно добро организирана и спремна да се справам со нив. Откако ќе завршам со работните обврски скоро секој ден имам договорено кафе со стари, но и нови пријатели кои благодарение на Инстаграм ги имам се повеќе и повеќе, што ме прави многу среќна. Кафе испиено со позитивни луѓе денот можат да ви го направат само поубав… Вечерните часови ги поминувам во домашна атмосфера, најчесто со добар филм без разлика дали во кино или дома, т.е ако е доволно добар и за мене и за сопругот :). Значи за убав ден е потребно семејство, пријатели и кафе се разбира.

Поврзани статии

Back to top button