Убави книги и филмови

Книги кои ќе ве освојат уште на прва страница!

Три супер возбудливи книги кои до самиот крај не се испуштаат од раце!

Тајниот живот на писателите (Гијом Мисо) Минатотот се враќа за да ја одига својата последна игра… Откако напиша три култни романи, Нејтан Фолс во 1999 година објавува дека веќе никогаш нема да се занимава со пишување и се повлекува на прекрасниот, но див медитерански остров Бомон.
Есен 2018 година. Фолс нема дадено ни едно интервју веќе цели 20 години, но неговите романи не престануваат да го привлекуваат вниманието на читателите. Матилда Моне, млада швајцарска новинарка, доаѓа на островот со намера да ја открие тајната на Фолс.
Истиот тој ден на островот е пронајдено телото на една жена и власта решава да воведе блокада на островот. Тогаш меѓу Матилда и Нејтан почнува опасно соочување во кое се среќаваат долго криени вистини и уверливи лаги, но и љубов и страв.
Фасцинантна книжевна сложувалка, која доживува неверојатен пресврт во моментот кога писателот ќе го нареди и нејзиното последно делче.

Една страшна зима (Лиса Клејпас)

Очајна да побегне од нејзините злобни и расипани роднини, Еванџелин Џенер бара помош од најзлогласниот ерген во Лондон. И договорениот брак помеѓу нив е единствено решение, иако никој не би ја споил срамежливата девојка која пелтечи кога зборува со згодниот виконт кој е легендарно популарен помеѓу жените. Но набрзо станува јасно дека Иви е жена со скриена сила во себе… и иако делува покорно и кротко, Себастијан од некоја причина ја посакува повеќе од која било друга жена што ја запознал.

Решена да го освои ладното срце на својот сопруг, Иви се осмелува да склучи зделка со ѓаволот: Ако Себастијан успее да остане целибат три месеци, таа ќе му дозволи да ја одведе в кревет.

Кога на Иви ѝ се заканува одмаздољубив непријател од минатото, Себастијан се заколнува дека ќе направи сè што треба за да ја заштити својата сопруга… па макар и по цена на сопствениот живот.

Покана за пријателство (Лора Маршал) „Покана за пријателство“ ќе биде новата опсесија за сите љубители на трилери. Дали некогаш сте посакале да го промените минатото? Луиз го сака токму тоа. Секој ден… Кога Луиз Вилијамс ќе добие порака од една личност од дамнешното минато, срцето за малку што не ѝ запира. Марија Вестон сака да ја додаде за пријателка на Фејсбук. Но Марија Вестон исчезнала пред повеќе од дваесет и пет години. Последен пат е видена ноќта на матурската забава и сите веруваат дека е мртва. Особено Луиз, која целиот свој живот крие страшна тајна. Но Луиз е принудена да ја открие вистината за она што се случило во минатото, а единственото нешто што со сигурност го знае е фактот дека Марија Вестон исчезна таа ноќ и оттогаш ѝ се губи секаква трага, сè досега…

Поврзани статии

Back to top button