Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Емилија Ристеска

Емилија има супер позитивен и креативен блог на социјалната мрежа Инстаграм, нејзините фотки се навистина оргинални. Читнете го нејзиниот рецепт за убав ден!

Сакам да го започнам денот рано. Не ги сакам дановите кога спијам до доцна и цел ден ми е поминат. Обично се будам во 7 часот и уште некое време поминувам во кревет проверувајки што има на друштвените мрежи. Потоа пуштам музика и започнувам со мојата утринска рутина на миење лице и заби. Додека се шминкам и спремам го пијам утринското кафе. Па сум спремна за обврските кои следуваат во текот на денот. Сакам кога денот ми е исполнет и кога успевам да завршам се што ми е планирано за тој ден. Попладне знаам да испијам и по некое кафе со пријатели и колеги. Најважно што ми е за убав ден е опкружувањето. Преферирам дружби со позитивни луге, убави моменти, шали и смеа. Вечерните часови ги користам за учење, правење план за наредниот ден, гледање филм или разговор со најблиските. Треба да уживаме во секоја минута од  денот и да се трудиме секој ден да го искористиме до максимум. 

Поврзани статии

Back to top button