Патувачка изложба на Дороти Пачкова, во Штип – Дом на млади, преку АРТФЕМ проектот

АРТ ФЕМ“ проектот е производ на согледување на непостоењето на активистички феминистички мрежен центар, кој ги унапредува правата на уметничките, им дава можност за изразување и вмрежување и позитивно ги дискриминира приклучувајќи ги во јавниот културноуметнички живот.

Ве покануваме на ПАТУВАЧКА ИЗЛОЖБА на Дороти Пачкова, на уметнички дела, настанати под предизвичкувачки околности, пристигнати во Р.С.Македонија, со поддршка на мрежа на балкански солидарни женски центри, преку Босна и Херцеховина и Црна гора.
Со ова се започнува претставување на мрежното функционирање на Центарот за слобода и култура, на жени и девојки уметнички од регионот, со поддршка на повеќе музеи и галерии од целата земја, со поддршка на Министерство за култура на Р.С.М. преку Нов културен бран 2019, и секторот за спорт и млади при град Скопје.

Првава изложба е во Штип – Дом на млади, а потоа следат уште неколку интерактивни изложби, се анкетираат девојки и жени уметнички во однос на нивните потреби, како тие сметаат дека би можеле да се вклучат во АРТ ФЕМ и што би им било нив најмногу од полза ако се дел од Центар за слобода и уметност.
Авторката на проектот АРТФЕМ, академска сликарка и родов експерт, ги кани на партиципативно учество сите уметнички и културни работнички: „Арт Фем“, го градиме оддолу нагоре, па затоа, ова е место за сите уметнички, сите активистки, сите културни работнички. Во зачетнава фаза се воспоставуваат темели за изградба на силно женско уметничко движење, па затоа ве мотивираме, праќајте ЦВа, портфолиа и мотивациони писма на нашиот меил: artfem7@gmail.comArtFemhttps://docs.google.com/forms/d/1Y_23xJqNoJ0wd1eA0q_KoaV72K7pQiRayWxvPqH_FWE/edit?fbclid=IwAR1AK7lyXkPO2z73nQqsooJDEf9fR7A5Gp7tHzH54iN2ILEP0nuFC3ZLZFg

Изложбата исто така се приклучува на мапата настани посветени на „16 дена кампања против насилството врз жените и девојчињата“ но е и воедно проглас за прибирање на дела од уметници кои сакаат да донираат дело за Хуманитарната изложба на Томислав Кежаровски, чии средства ќе ги искористи за купување на новогодишни подароци на децата чии родители се во затвор. Авторката ќе ги собира делата пристигнати за мисијата на Томислав К. и ќе ги достави до него, во Скопје.

Датум: 05.12.2018, 12 часот

Локација: ДОМ НА МЛАДИ – ШТИП

ПРОГРАМА:

Отварање на изложбата

Прес корнер

Коктел и вмрежување за споделување на искуства на сите присутни, во однос на нивните ставови и ангажираности по прашањето за родова еднаквост и женски права и слободи низ уметност.