Мрежен центар за слобода и култура Арт Фем во Куманово!

Ве покануваме на ПАТУВАЧКА ИЗЛОЖБА на Дороти Пачкова, на уметнички дела, настанати под предизвичкувачки околности, пристигнати во Р.С.Македонија, со поддршка на мрежа на балкански солидарни женски центри, преку Босна и Херцеховина и Црна гора.
Со ова се започнува претставување на мрежното функционирање на Центарот за слобода и култура, на жени и девојки уметнички од регионот, со поддршка на повеќе музеи и галерии од целата земја, со поддршка на Министерство за култура на Р.С.М. преку Нов културен бран 2019, и секторот за спорт и млади при град Скопје.

Првата изложба беше во Штип – Дом на млади, втората беше реализрана во Музеј на тетовскиот крај, третата во фоајето на салата на општинскиот совет Крива Паланка, четвртата во НУ Центар за култура Трајко Прокопиев, Куманово _ фоаје 1, потоа следи уште една интерактивна изложба, на 27.12. 2019 во Скопје во Олд Скул од 19 часот. Се анкетираат девојки и жени уметнички во однос на нивните потреби, како тие сметаат дека би можеле да се вклучат во АРТ ФЕМ и што би им било нив најмногу од полза ако се дел од Центар за слобода и уметност.
Авторката на проектот АРТФЕМ, академска сликарка и родов експерт, ги кани на партиципативно учество сите уметнички и културни работнички: „АРТФЕМ“, го градиме оддолу нагоре, па затоа, ова е место за сите уметнички, сите активистки, сите културни работнички. Во зачетнава фаза се воспоставуваат темели за изградба на силно женско уметничко движење, па затоа ве мотивираме, праќајте ЦВа, портфолиа и мотивациони писма на нашиот меил: artfem7@gmail.comArtFemhttps://docs.google.com/forms/d/1Y_23xJqNoJ0wd1eA0q_KoaV72K7pQiRayWxvPqH_FWE/edit?fbclid=IwAR1AK7lyXkPO2z73nQqsooJDEf9fR7A5Gp7tHzH54iN2ILEP0nuFC3ZLZFg

Датум: 19.12.2018, 12часот

Локација: НУ Центар за култура Трајко Прокопиев, Куманово _ фоаје 1

loading...