Убави вести

АРТФЕМ – Време е да создаваш женски! ПЕТОК, 27.12.2019 од 19 часот, во ОЛД СКУЛ БАР

„АРТ ФЕМ“ проектот е производ на согледување на непостоењето на активистички феминистички мрежен центар, кој ги унапредува правата на уметничките, им дава можност за изразување и вмрежување и позитивно ги дискриминира приклучувајќи ги во јавниот културноуметнички живот.

Ве покануваме на ПАТУВАЧКА ИЗЛОЖБА на Дороти Пачкова, на уметнички дела, настанати под предизвичкувачки околности, пристигнати во Р.С.Македонија, со поддршка на мрежа на балкански солидарни женски центри, преку Босна и Херцеговина и Црна гора.
Со ова се започнува претставување на мрежното функционирање на Центарот за слобода и култура, на жени и девојки уметнички од регионот, со поддршка на повеќе музеи и галерии од целата земја, со поддршка на Министерство за култура на Р.С.М. преку Нов културен бран 2019, и секторот за спорт и млади при град Скопје.

Првата изложба беше во Штип – Дом на млади, втората беше во Музеј на тетовскиот крај Тетово, третата се одржа во општината на Крива Паланка, за време на форумот за култура и со поддршка од Музејот во Крива Паланка, четвртата се реализираше во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, а ова е завршната, скопска.

Авторката на проектот АРТФЕМ, академска сликарка и родов експерт, Дороти Пачкова, ги кани на партиципативно учество сите уметнички и културни работнички: „Арт Фем“, го градиме оддолу нагоре, па затоа, ова е место за сите уметнички, сите активистки, сите културни работнички. Во зачетнава фаза се воспоставуваат темели за изградба на силно женско уметничко движење, па затоа ве мотивираме, праќајте ЦВа, портфолиа и мотивациони писма на нашиот меил: artfem7@gmail.com ArtFem https://docs.google.com/forms/d/1Y_23xJqNoJ0wd1eA0q_KoaV72K7pQiRayWxvPqH_FWE/edit?fbclid=IwAR1AK7lyXkPO2z73nQqsooJDEf9fR7A5Gp7tHzH54iN2ILEP0nuFC3ZLZFg

Биографија

Дороти Пачкова е академска сликарка и магистер по родови науки.
Работи и твори инспирирана од реалниот живот, акдемските истражувања, професионалните
искуства но и од сонот за солидарен свет полн со еднакви можности и слободен избор.
Ја препознаваат како “trouble shooter“ во единствената “grass root“ невладина организација
One can!, за унапредување на права на девојки и жени, со фокус на права на самохрани
родители/ки и еднородителски семејства.
Борка за социјална правда, основачка на невладина организација Една може! и управителка
на социјална компанија Една прави и самостојна истражувачка.
Развива проекти од разни научни и општествено – хуманистички области, сите со
трансверзалното прашање за родова еднаквост.
Создава феминистичка мултимедијална уметност во интердисциплинарни области, најчесто
поврзани со родови проблематики, анулирање на класни разлики, феминизација на
сиромаштија, пристапност до јавна сфера за девојки и жени, жени во политики, неплатен
домашен труд, стеротипизација, позитивна дискриминација, демаргинализација, родово
базирано насилство и слично. Дороти Пачкова Врши истражувања во областа на родовите
науки и култури во земјата, на Блаканот, низ Европа но и во Берлин-Германија,
Цирих-Швајцарија, Милано-Италија.
До сега има реализирано над 30 самостојни изложби и учествувала на уште толку групни.

Поврзани статии

Back to top button