ЖивотУбави совети

Рецепт на денот: Чоко бисквит торта!

Денес ви подготвивме рецепт за вкусна чоколадна торта, која е лесна и брза за подготовка.

Сè што ви треба…

За бисквит:

500 гр грчки јогурт
300гр брашно
250гр шеќер
120мл масло
25гр какао
2 лажички сода
Парче путер

Фил:

150гр чоколадо за готвење
150гр путер
120мл млеко
120 гр шеќер

Подготовка: Ставете ги сите состојки за бисквитот во сад и добро измиксирајте со миксер. Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте ја тавата со путер, а потоа истурете ја мешавината на бисквит и печете околу половина час.

Стопете ги путерот и чоколадото, додадете шеќер и млеко и измешајте додека не се изедначи смесата.

Кога бисквитот ќе се испече, оставете малку да се излади, а потоа прелијте го со филот. Оставете готовата торта да се излади на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер.

Кога тортата се олади целосно, послужете ја на коцки и уживајте.

Поврзани статии

Back to top button