За сите прилики! 13 кратенки на тастатурата кои малкумина ги знаат

Овие кратенки на тастатурата несомнено ќе ви бидат од корист во вашата работа. Се разбира, сето ова може да се направи со глувчето, но зошто да не си го олесните животот и да ги подобрите своите вештини?

F2

Со еден клик на ова копче лесно ќе ги преименувате папката и документот.

ALT + F4

Оваа комбинација брзо ќе го затвори прозорецот или програмата.

ALT + Backspace

Случајно избришавте дел од текст? Не е страшно, затоа што благодарение на оваа комбинација можете да го вратите.

CTRL + SHIFT + N

Повеќенаменска кратенка. Кога ќе ја притиснете оваа комбинација на вашата работна површина или во папката, создавате нова папка. Во Google Chrome, оваа комбинација создава ново прозорче.

CTRL + T

Оваа кратенка отвора ново јазиче (прозорец) во секој прелистувач.

CTRL + SHIFT + T

Случајно сте затвориле важен таб? Оваа кратенка го отвора последното затворено јазиче (прозорец).

ALT + TAB

Многу корисна работа! Ви овозможува да имате преглед и лесно да се префрлите од еден отворен прозорец во друг.

CTRL + Esc

Го отвора менито Започни.

Windows + L

Многумина мислат дека Win копчето е бескорисно, но воопшто не е така. На пример, ова копче ви помага брзо да излезете од системот. Оваа одлика им користи на оние што честопати се тргаат од работното место и не сакаат другите да им го користат компјутерот.

Windows + M

Уште една корисна комбинација со копчето Win, ви помага да се ослободите од преполниот екран. Со кликнување на оваа кратенка, ги спуштате сите прозорци.

Windows + TAB

Комбинација што ви овозможува да ги видите сите прозорци кои во моментот се отворени.

Shift + Delete

Корисна кратенка, но мора да бидете внимателни! Ги брише датотеките, заобиколувајќи ја корпата за рециклирање, така што нема да можете лесно да ги вратите.

CTRL + ALT + DEL

Не е излишно да се потсетуваме на класиците. Оваа комбинација е волшебно стапче – се отвора Task Manager.

Препорачуваме да ги испечатите, така што секогаш ќе ви се при рака. Ако ги запаметите и ги користите цело време, сигурно ќе забележите колку ја олеснуваат вашата работа и заштедуваат време!

loading...