Убави книги и филмови

Три супер интересни книги!

Во овој период кога имаме повеќе време за дома ви предлагаме три супер интересни книги кои вредат да бидат прочитани.

Мајки – блогерки (Холи Бејнрајт) Запознајте ги трите жени што ги живеат своите животи на интернет, секоја од нив со следбеници, сметана за идол, имитирана, исмевана и „тролана“. ЕЛ КЕМБЛ е дотерана, „стегната“ мајка со дефинирани и цврсти стомачни мускули, десетгодишен план и сложено минато. АБИ БЛЕК се откажала од јадење шеќер, се преселила на село и дома ги школува нејзините тинејџери со променливо расположение. ЛАЈЗЕЛ АДАМС јаработи напорно својата канцелариска работа секој ден пред да јурне накај дома, полна со вина, за да помине бесценети моменти со нејзините три деца пред спиење. Заштитен знак за сите три, во кој уживаат или ги згрозува, е мајки-блогерки. И врските не застануваат таму… Кога сите три се номинирани за престижната награда за блогери со крупна парична награда, на сцена доаѓа брутална и често смешна бoрба на срца и умови − и кликнувања. Како што се приближува ноќта на доделувањето на наградите, нивните лаги стануваат поголеми, маркетиншките трикови сè полуди − и станува сè потешко да се скријат некои грешки од минатото. МАЈКИ-БЛОГЕРКИ Е ОСТРОУМЕН И СМЕШЕН ПРИКАЗ НА МОЌТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ И ЖЕНИТЕ ЗАД „ЛАЈКОВИТЕ“, СПОДЕЛУВАЊАТА И ФИЛТРИТЕ.

Се е за*бан: книга за надежта (Марк Менсон) Живееме во интересно време. Материјално, сè е подобро од кога и да е, но некако сè изгледа како да е непоправливо и ужасно заебано. Што се случува? Ако некој може да ја именува нашата моментна малодушност и да ни помогне да ја решиме, тоа е Марк Менсон.  Во „Сè е заебано“, Менсон исцртува планини од психолошки истражувања базирани на безвременската мудрост на Платон, Ниче, Кант, па и на Том Вејтс, за да ги дисецира религијата, политиката, парите, забавата и интернетот. Со неговата препознатлива комбинација од ерудиција и хумор, Менсон нè предизвикува да бидеме почесни кон себеси, отворено спротивставувајќи се на нашите дефиниции на верата, среќата, слободата – дури и на надежта. Еден од најголемите модерни автори напиша уште една книга што ќе ја постави агендата на годините што доаѓаат.

Кралски кафез (Викторија Авејард) Икабод Крејн е патувачки учител во Теритаун, гратче на холандски доселеници сместено во околината на мистериозната Сонлива долина, место што изобилува со приказни и легенди за вештерки и најразлични призраци. Една од нив е и приказната за Безглавиот коњаник, некојси хесиски војник, „кому топовско ѓуле му ја откинало главата во некоја безимена битка“ и кого мештаните одвреме-навреме го гледаат „како вјаса во темнината на ноќта, небаре го носи ветрот“. Овие приказни ја окупираат имагинацијата на учителот и неретко го плашат за време на самотните прошетки во ноќта. Од друга страна, истиот тој Крејн се вљубува во локалната убавица Катрина ван Тасел, ќерката на најбогатиот човек во Теритаун, и почнува борба за нејзиното срце со Бром ван Брант, локалниот силеџија кој е, исто така, вљубен во неа. Љубовта и мистеријата, призраците и скршените срца – тоа се темите што се вкрстуваат во оваа прекрасна готска приказна, што навистина вреди да ја прочитате!



Поврзани статии

Back to top button