Убави книги и филмови

Предлог три интересни романси кои мора да ги прочитате!

Читајте романси, верувајте во романси!

Првата вечерна ѕвезда (Сузан Е. Филипс) Пајпер Дав е жена со сон – да стане најдобриот детектив во Чикаго. Прва задача? Да го следи бившиот бек на Чикаго Старс, Купер Грахам. Проблем? Грахам ја открива и не е среќен. Па затоа добрите детективи мора да знаат да работат под притисок и брзо да размислуваат. „Јас те демнам. Не сум опасна. Човече, никако. Повеќе нешто како малку опседната со тебе…“ Пајпер наскоро почнува да работи за Грахам, но не како телохранител затоа што тој одбива да признае дека очајно му е потребен. Тој ја ангажира да ги надгледува вработените во неговиот ексклузивен ноќен клуб. Но одеднаш, неговиот живот е во опасност и Пајпер е решена да го заштити, без разлика дали тој сака или не. (А тој дефинитивно не сака!) Проблемот е што таа истовремено се справува и со куп други тешки клиенти. Во секој случај, најтежок од нив е самиот Купер Грахам – легендарен спортски херој кој секогаш го добива тоа што го сака. Па макар тоа била тврдоглава детективка смртно решена да му докаже дека е подеднакво силна како него. Во стилот на Сузан Елизабет Филипс, романтична комедија што освојува уште од првата глава.

Напишано со каење (Али Мартинез) Секое девојче сонува за сопствена бајка. Бајката во која силниот витез доаѓа да ја спаси од канџите на злото. Потоа се заљубуваат, се венчаат, имаат деца и живеат среќно до крајот на животот. По таа дефиниција, и мојот живот требаше да е бајка. Кога имав осум години, Кејвен Хант ме спаси од најголемото зло на Земјата. Нема врска што бев само дете. Сепак се вљубив во него. Но таму воедно и заврши мојата бајка. Многу години подоцна, една непромислена ноќ во најмрачен период од животот ни подари ќеркичка. Но тој мрак не беше ништо во споредба со црнилото што ме консумираше кога бев принудена да ја оставам со Кејвен засекогаш. Сите бајки имаат едно нешто заедничко: среќен крај. Знаев дека мојата нема да има, но секоја ноќ се молев барем нејзината да има. Му го должев животот на Кејвен. Но на тоа девојченце му должев уште повеќе. Па затоа морав повторно да се соочам со татко ѝ, без разлика колку болело.

Доказ за љубов (Памела Клер) По убиството на една тинејџерка, истражувачката новинарка Теса Новак забележува како мистериозен маж во црна кожна јакна се вртка околу местото на злосторството. И колку повеќе размислува за него, толку поубедена станува дека тој е поврзан со убиството… Но тој човек всушност е Џулијан Дарканџело, ФБИ агент кој работи на тајна задача и соработува со денверската полиција. Џулијан долго време пробува да фати организатор на трговија со бело робје и убиец и сè повеќе му се доближува. Но обвинувањата на Теса сега може да го разоткријат и да уништат сè, па затоа тој сака таа да биде тргната од истрагата. Но колку повеќе се вплеткува во истрагата, толку повеќе Теса станува мета на убиецот. Џулијан и Теса се принудени да си веруваат еден на друг и нивната физичка привлечност ескалира додека ловат безмилосен убиец кој сака да ги види двајцата мртви. Акциона романса каква што може да напише само Памела Клер, авторката на бестселерот Точка на кулминација.

Поврзани статии

Back to top button