Никола Зацески со прекрасна празнична честитка до сите вас!

“Најпрво честит Велигден до сите Православни Христијани од мене и мојот тим кој е составен од врвни музичари од Сиднеј и Мелбурн Австралија и Битола Македонија.
Оваа инспирација произлезе од тоа што не се реализира моето враќање на овај ден во Македонија, а тука беше овај креативен тим кој ја поддржа оваа идеа и е составен од: Влатко Секулоски – Клавијатура и Аранжман, Димитар Михајловски – Виолина, Крис Чагороски – Саксофон и Деко Јованович – Електрична Гитара, додека овај проект беше продуциран од Горан Вељаноски во студиото “The Jam Hut” Мелбурн и поддржано од SONiCTeMPLe.
Изведени беа две сплет песни поврзани за овај голем Христијански ден “На Велигден – Горан Папас Џокси” и “Километри – Влатко Лозановски”, песните беа преработени на малку поразличен начин за кој се надевам ќе им се допадне на публиката. Ова видео е достапно на социјалните мрежи Facebook, Instagram а исто така и на YouTube. Како што знаете во овај период на глобална пандемија е многу тешко да се функционира, посебно за нас музичарите кој сме многу тесно поврзани со публиката, без која не можеме. Поради тоа сакам да порачам до сите да бидеме многу силни и трпеливи и само со споделување љубов можеме да го поминеме заедно.Чувајте се и уживајте во нашата изведба..!!

loading...