Готвиме со љубов, готвиме со Ане! Три супер вкусни рецепти

Рецептите на Ане е Инстаграм профил кој мора да го заследите! Профил кој секојдневно споделува интересни, здрави и вкусни рецепти.

Денеска со читателите на убаво.мк Ане сподели три супер интересни рецепти кои вредат да бидат пробани. Во време кога имаме препораки да седиме дома сите имаме повеќе слободно време за во кујната, па ајде да испробуваме нови и вкусни рецепти заедно!

Плазма торта со вкус на портокал

СОСТОЈКИ: 300 гр. мелена плазма 200-250 гр. шеќер во прав 200 мл. сок од портокал 200 гр. маргарин 100 гр. Ореви 5 крем банани 100 гр. чоколадо за глазура

ПОДГОТОВКА: Во една поголема чинија се става мелената плазма, се додава и 150 гр. шеќер во прав, па се меша. Се ставаат во смесата оревите, па сокот од портокал, постепено, со мешање. Потоа, се замесува малку смесата со рака. Се мати маргаринот со шеќерот во прав кој остана (околу 50 грама). Се матат со миксер, па се додава во смесата со плазмата и се меша со рака за смесата да се изедначи. Во смесата додаваме сечени крем банани, а по желба може да си ставите и чоколадо, желе или нешто по избор. Се става во калап, во било која форма, во кој ќе ставите проѕирна фолија. Колачот се лади, се превртува на тацна, па се растопува чоколадото за декорирање и се става на него. Може да ставите по желба и шлаг место чоколадо.

Солени задоволства

Потребни состојки: 2 шолји брашно 1 шолја јогурт ½ шолји масло 3 јајца 1 прашок за пециво сол 200 гр. фета 100 гр. шунка

Подготовка: Се матат јајцата во сад со јогуртот и масло, се додава сол и просеано брашно, па се мати се убаво со жица. Се рони сирењето и се додава, па се сече и шунката на ситни коцки и се става во смесата. Се става смесата во калапи за мафини и се пече на загреана рерна на 200 степени 20 минути.

Банана-бред

Состојки: Јајце(1 ), Шеќер(140 Грама), Млеко(50 Милилитри), Маргарин(100 грама + малку за подмачкување), Банана(4 ), Мелени бадеми(85 Грама), Брашно(225 Грама) и Прашок за печиво(1 ).

Подготовка:
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути.

Во голем сад се ставаат изматеното јајце, шеќерот, маргаринот и млекото и убаво се промешува додека смесата се соедини.
Во смесата потоа се додаваат мелените бадеми, брашното, печивото и претходно изгмечените банани и повторно промешуваме. Смесата ја истураме во подмачкан плех.
Печеме во загреана рерна на 180°C. Колачот проверувајте дали е готов со дрвена чепкалка – ако излезе сува од него значи дека е готов. Декорирајте по желба.

Гответе со љубов
Рецептите на Ане

loading...