ЖивотУбави совети

Со цреши до минус килограми!

Црешите ја подигнуваат енергија и имаат позитивен ефект врз расположението, но исто така придонесуваат за брзо губење на тежината. Ова овошје е неисцрпен извор на инспирација за модните дизајнери и честопати симболот на цреша може да се најде на пролетни модни парчиња.

Тие содржат малку калории, малку маснотии и богати се со вода. Спроведените досегашни студии покажале дека зголемениот внес на вода во организмот го зголемува нивото на енергија и помага да се забрза метаболизмот. Многу луѓе ги користат придобивките од консумирање на овошки богати со вода, како што се црешите, за да ја намалат тежината.

Како и повеќето овошја, црешите имаат многу калиум и малку натриум, што помага да се излачува вода од телото. Црешите се едни од плодовите со најнизок гликемиски индекс. Тие содржат комбинација на анти-оксиданти против стареење, богати се со растителни влакна, витамини А, Б и Ц и содржат многу минерали, особено калциум, железо и калиум.

Секоја цреша содржи само 4 калории (1 чаша цреши содржи околу 90 калории), тие имаат еднакви количини јаглени хидрати и протеини, а воопшто немаат маснотии.

Поврзани статии

Back to top button