ЖивотУбави совети

Подгответе солен колач со зеленчук

Не знаете што вкусно да ручате денес? За вас денес одвоивме еден супер интересен и вкусен рецепт за солен колач кој може да ви го замени ручекот, појадокот или вечерата.

Потребни состојки: 2 јајца, 300гр урда, 250гр пиперки, 300гр модри домати, 2 лажици презла, 40гр овчо сирење, малку млеко, 8 листа босилек, 4 листа нане, китка магдонос, чешне лук, 6 лажици маслиново масло, сол и црн пипер.

Подготовка: Измијте ги модрите домати и пиперките, исечете ги на коцки. Загрејте 4 лажици масло и пропржете го излупениот и исечканиот лук. Кога ќе почне да поруменува додадете ги пиперките и модрите домати. Намалете го огнот, посолете го зеленчукот и оставете го на тивок оган околу 10 минути. Изматете ги јајцата заедно со урдата и со изренданото овчо сирење, додадете презла и исечкани босилок и нане. Потоа, додадете го зеленчукот. Мешајте, доколку смесата е премногу сува додадете малку млеко. На длабок мал плех поставете хартија за печење и ставете ја смесата. Израмнете ја површината и премачкајте ја со две лажици маслиново масло.

Печете го колачот на 180 степени околу 35 минути. Сервирајте го млак или ладен.

 

Поврзани статии

Back to top button