Убави дестинации

Град настанат во бронзено време

Во подножјето на планината Баба, во близина на Битола, се наоѓа античкиот град кој е основан во 4 век п.н.е. Со својата убавина сведочи за истрајноста и моќноста низ времето. Името Хераклеја градот го добил по Херакле  -митски јунак и родоначалник на македонската кралска династија Аргеади, додека пак епитетот Линкестидска доаѓа од името на областа Линкестида. Се претпоставува дека градот го основал македонскиот крал Филип втори Македонски.

Откриените споменици претставуваат доказ за неговото настанување во доцното бронзено време. Хераклеја опстојала и се развивала во значајна раскрсница на Виа Егнатија, ги поврзувала Драч и Босфор. Во Хераклеја особено внимание и восхит буди градбата на Античкиот театар. Со откривањето на сцената, се потврдила двојната функција на театарскиот објект за сценски изведби и за претстави со животни.

Особено интересна е епископската резиденција со трапезоидна форма. Подовите во сите простории на епископијата се направени во мозаици со ранохристијански мотиви. На подовите има најразновидни геометриски шари, розети, меандри, рибини коски, плетенки и плетен крст.

При прочувањето и истражувањето на локалитетот Хераклеја, откриени се остатоци од некогашниот град. На северниот крак од форумот се наоѓа портикот на судницата со правоаголна основа на чиј северен ѕид стојат две статуи на постаменти и еден постамент без статуа, кои како неми сведоци ја потврдуваат величествената историја на градот.

Поврзани статии

Back to top button