Вдишете чист воздух со поглед на кристално чисти води!

Со оглед на секојдневните обврски, брзото темпо на живот и загадениот воздух нема на кој не му недостасува да вдиши чист воздух, да наполни гради и да одмори со поглед на кристално чисти води. Наш предлог е да си направите еднодневна екскурзија и да ги посетите овие два прекрасни водопади.

Првиот предлог е најголемиот постојан водопад во Македонија, со пад на водата од 38 метри е Смоларскиот Водопад. Тој се наоѓа на реката Ломница, над селото Смолари на планината Белсасица. Ќе вдишете чист воздух на надморка височина од 630 метри. Во 2003 година беа изградени патеки со должина од 580 метри и мост – видиковец, со што теренот околу водопадот стана достапен и со тоа се зголеми посетеноста на водопадот од голем број на туристи кои сакаат да уживаат во недопрената природа.  До Смоларскиот водопад се доаѓа преку патот Струмица – Ново Село, а потоа од таму се стигнува до селото Смолари.

Втор предлог е Колешинскиот водопад кој се наоѓа на реката Баба, над селото Колешино, во пазувите на планината Беласица. Тој е на надморка височина од 610 метри, а висок е 16 метри. Се наоѓа во околина на јаворови дрвја и камени гребени. Водите се кристално чисти. Теренот околу водопадот во текот на 2004 година беше приспособен за да биде полесно пристапен за посетители. До него се стигнува преку патот Струмица – Банско и Струмица – Ново Село.

loading...