Од насУбави муабети

Страста поместува планини!

Во еден чуден, реверзибилен процес сме застанале јас и ти. Имаме различни судбини, а исти соништа. Чекориме еден покрај друг, молчиме еден со друг. Тишината ги собира нашите воздишки. На светов, во овој миг постоиме само ЈАС и ТИ. Го слушам срцебиењето, моето, твоето. Ете го мојот свет, магично прекрасен.

Мојот свет е прекрасен! Волшебен, топол, сончев, љубовен! Ненајавено, си дојде тој. Црно-белото го направи шарено, ноќта – ден, ароганцијата ја претвори во нежност. Ми покажа колку силно можам да љубам. Денес, утре и секој нареден ден. Со страст ја пишува нашата љубовна приказна, секое утро ме потсетува дека најубавото нешто на светот е мигот. Оној миг во кој живееме, се галиме, постоиме во љубов и за љубов.

Мојот свет е прекрасен! Вришти од емоции, се гали со моето срце кое едвај чека да биде прегрнато, да се соземе на крајот од денот, да биде веднаш до неговото! Полн е со бои. Неговите очи ми го обојуваат секојдневното сивило. Полн е со мириси, доволно е само да се доближам до неговото рамо и да се опијам од мирисот на кожата која толку многу ја сакам, толку многу е моја!

Мојот свет е прекрасен! Во него, ги пишувам најубавите љубовни приказни, раскажувам за тоа дека страста може да помести планини, да ме направи своја, жива, да ме маѓепса, да ме натера секој ден одново и одново да се вљубувам.

Мојот свет е прекрасен! Не би го менувала за ниту еден друг свет!

Поврзани статии

Back to top button