Убави дестинации

Магичниот остров кој нуди за секого по нешто

Крит е најголемиот грчки остров кој е вистински рај за очи. Бреговите на овој остров излегуваат на Либиско, Јонско и Егејско море. Крит ќе ве освои веднаш со долгите жолто песочни плажи кои изобилуваат со луксузни хотелски комплекси, кои се прилагодени за различните стилови на живот на своите гости. По улиците на Крит ќе се сретнете со најпознатите светски модни брендови, каде ќе можете максимално да уживате во шопинг забавата.

Мештаните од секогаш ја љубеле природата и уметноста, па и ден денес ја негуваат старата традиција, фолклорните игри и старата народна музика во која ќе може да уживате во секоја таверна. Од овците кои ги чуваат на зелените планини ќе може да вкусите тазе месо во секое време, а од маслинките кои се многу застапени на островот прават маслиново масло на традиционален начин.

При самото пристигнување на островот ќе го осетите слободарскиот дух кој отсекогаш го имале.

Ќе мора да го посетите и научниот центар со големи аквариуми во кој ќе можете одблиску да го видите дното на морето и да се запознаете со реткиот морски свет.

Природата на Крит е магична. Во самиот центар се издигнуваат планини, чии падини се полни со портокали, маслинки и грозје.

Во ноќните клубови, кои ги има многу на број често гостуваат светски познати диџеи, што значи забавата е загарантирана и неповторлива.

Едноставно е остров кој мора да се посети!

Поврзани статии

Back to top button