Филм за убав ден

За сите оние кои се вљубени во трилер приказните, филмскиот предлог за денес ќе биде вистински погодок.

Ова филмско остварување го режираше Тејт Тејлор, а во главните улоги се појавуваат Емили Блант, Ребека Фергусон, Хајли Бенет, Џастин Тру и Лук Еванс.

Филмот “The Girl on the Train“ е американска трилер драма која ја освои кино публиката ширум светот во текот на минатата година. Филмот е сниман според деби новелата на Паола Хокинс која го има истиот наслов.

Приказната го следи секојдневието на една жена која е алкохоличарка и секој ден патува со воз откако ќе ја изгуби работата. Додека патува, има можност да набљудува што прави нејзиниот поранешен сопруг и неговата нова сопруга. Но, сплет на околности ќе направат таа да влезе во неочекувана драма…