Од насУбави муабети

Марија Кири Склодовска: „Животот не е лесен за кој било од нас“

Пионерката во областа на радиоактивноста, Марија Склодовска – Кири била уникатна жена, не само поради своето огромно интересирање за науката, туку и поради нејзините ставови.

Пред сè, вредно е да се спомене дека во свое време таа била првата жена која добила Нобелова награда, а низ историјата на овие награди ќе остане запаметена како единствен добитник на Нобеловата награда во две различни области, физика и хемија. Таа, исто така, е првата жена што била поканета да предава на Универзитетот Сорбона во Париз. Основач е на институтите „Кири“ во Париз и во Варшава.

Ви пренесуваме дел од нејзините ставови и размисли за животот и науката кои се навистина моќни и инспиративни.

„Ме учеле дека патот до успехот не е ниту краток, ниту лесен.“

„Животот не е лесен за кој било од нас. Но, што да правиме? Ние мораме да бидеме упорни и пред сè да имаме верба во себеси. Мораме да веруваме дека сме надарени за нешто.“

„Јас сум една од оние кои размислуваат како Нобел. Мислам дека од новите научни откритија ќе извлечеме добро, а не зло.“

„Во животот не треба да се плашите од ништо, треба само да размислувате. Колку повеќе ќе размислувате и ќе разбирате, толку помалку ќе се плашите.“

„Не може да се надеваме на подобар свет ако секој индивидуално не се подобрува. Секој од нас мора да работи на своето најголемо достигнување, а истовремено да придонесува за човештвото.“

„Научникот во својата лабараторија не е само техничар, тој истовремено е и дете кое се соочува со природни феномени кои го импресионираат толку многу како да се работи за бајка.“

„Човек никогаш не го забележува она што е направено, туку она што треба да се направи.“

„Во науката мора да се интересираме за нештата, а не за луѓето.“

 

Поврзани статии

Back to top button