Токму ова езеро нека биде ваша следна дестинација!

Оваа дестинација со сигурност ви нуди нешто ново и несекојдневно, рај за очи и ладовинка под дебели сенки.

Тиквешкото езеро се наоѓа на Црна Река, 12км југозападно од Кавадарци. Езерото е настанато во 1968г. со преградување на реката со брана, висока 104м. Ова е најголемото вештачко езеро по површина, по длабочина, и по должина на нашата земја, а второ по вкупното количество вода во него.
Езеротот е богато со риба, а од видови се истакнува сомот кој може да достигне должина поголема од два метра. Одлична дестинација е за љубителите на природа и риболов.
Непосредно над Тиквешкото Езеро се наоѓа Полошкиот манастир и црквата Св. Ѓорѓи, значаен споменик на културата од 14век, богато украсен со фрески. Тој претставува средновековен бисер кај Тиквешкото езеро.До Св. Ѓорѓи Полошки се доаѓа само со чамец, а тоа е интересно и несекојдневно доживување за секој посетител. По едночасовното живописно пловење, од селото Возарци на Црна Река, на десниот брег меѓу раззеленетите дрвја, уште од далеку се гледа манастирот. Со сигурност ќе уживате и ќе ги разгалите сетилата…