Предлог книги за секоја жена

Овие книги со леснотија и додека да трепнете ќе ви бидат исчитани. Вреди да им посвети внимание секоја една жена. Прочитајте ги, па позајмете ги на пријателка.

ЖЕНСКОСТ и расчленување на психичката личност  (Сигмунд Фројд) – Научник, основач на психоанализата, лекар за нервни болести, професор по нервна патологија на Универзитетот во Виена. Има објавено голем број дела и психоаналитички студии со медицинска, психо-терапевтска и филозофска вредност. Во оваа книга се зборува за тоа дека едно човечко суштество, машко или женско, во еден поглед се однесува на машки, а во друг на женски начин.

Јас, жена (Ката Мисиркова – Руменова) – Во оваа книга се зборува за тоа кога жената има сила на поболен ѕвер, додека нејзиното измачено тело се превиткува како змија.

Светиот еротизам (Сесил Сањ) – За повеќето сексолози и за широката публика, сексуалноста е тесно поврзана – покрај нејзините чисто биолошки функции – со рамнотежата и со позитивниот развој на личноста. За оној кој бара внатрешно задоволство, сексуалноста е комплетно доживување чија цел е надминување, односно бришење на личноста, на егото. Таа е само појдовна точка, еден вид меѓутелесност, средство за продлабочување, за проширување и за будење на свеста.

loading...