Освежете се со десерт од малини

Понеделник е, нека биде сладок! Израдувајте ги вашите сакани со едноставен, вкусен и освежувачки десерт од малини.

Потребни ви се 10 до 12 бисквите, 600 мл. јогурт, 250 гр. свежи малини, рендана кора од половина лимон, 6 лажици шеќер во прав и еден желатин во прав.

Подготвувајте го желатинот на тивок оган. Во друг сад измиксајте ги јогуротот со шеќерот и лимоновата кора па додајте ги во стопениот желатин. Сите состојки измешајте ги добро.

Биквитите искршете ги на ситни парчиња, па во високи стаклени чаши ставајте ред бисквити, слој од смесата со јогуртот па малини. Пред да го послужите, оставете го десертот во фрижидер да се излади.

loading...