Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Магдалена Блажевска

Магдалена е млада и амбициозна мејк ап артистка која за читателите на ubavo.mk споделува што е она што и го прави денот убав:

Немам некој посебен рецепт, едноставно луѓето околу мене ми го прават денот, малку клише звучи, но, навистина, работам како make-up артист во национална телевизија, а во слободно време шминката ми е задолжителен дел од денот, така што денот ќе ми го направи убав на пример девојка или жена која е задоволна од мојата работа, едноставно може да ми го направи денот поубав од тоа што ми бил со реченицата „Навистина изгледам убаво!“, но не ги исклучувам и луѓето што не се дел од работата, семејството секогаш е тука да ме насмее или мојот партнер на кој навистина му значи да ми биде денот убав
Да не ја заборавам и Ава, моето куче кое ме турка на земја од бакнежи, малку е трапаво ама знае да ми го направи денот најубав.

Поврзани статии

Back to top button