Смеете да се откажете од се, но од книги не!

Книгите ви го збогатуваат животот! Смеете да се откажете од се, но од книги никогаш не. Читајте, читајте и не престанувајте. Во продолжение предлог на три интересни книги за читање.

Маж в грло (Ведрана Рудан)  Без влакна на јазикот отвора неколку тематски оквири кои во својата проза порано не ги допираше. Под појавниот, надворешен наративен слој лесно избива горчливиот впечаток за неможноста за комуникација, за потешкотиите на кои наидуваме во најстојувањето да го достигнеме идеалот на вистинската блискост меѓу двајца луѓе, за тоа како дури и во најблиските врски кои во животот ќе успееме да ги оствариме сепак сме осудени на тоа до крајот да останеме заробени во самите себе. Нарацијата е брза, духовите, луцидна; дејството во романот е и тажно и смешно. Станува збор за оние книги кои не ви дозволуваат да ги испуштите од раце и кои на различни начини ќе ве доведат до солзи.

Мирисот на небото (Исидора Бјелица) По стапките на Пауло Коељо, мајсторот на книжевните параболи за човековата духовна потрага. Исидора Бјелица напишала фасцинантна приказна. Истовремено забавна и потресна која со сигурност тврдиме дека поттикнува на просветлување и длабоко размислување.

Ќерката на оптимистот (Јудора Велти) Некогаш чепкајќи низ минатото и низ старите сеќавања може да се сфатат некои работи појасно. Ќерката на судијата буричкајќи низ старите спомени ќе ги разбере несекојдневните појави во нејзиното одгледување и вистинската врска меѓу неа и родителите.

 

loading...