Од васУбави муабети

Умеат ли вашите деца да споделуваат?

Живееме во време кога светот се соочува со големи хуманитарни кризи на Блискиот Исток. Додека тие го добиваат своето место на централните дневници и изданија низ сите релевантни светски медиуми, постојат уште многу семејства кои се тука, во нашите маала, кои се соочуваат со одредени кризи и на кои секоја помош би им била добредојдена.

Од големо значење за општеството, но и за мисијата да изградеме луѓе со вистински вредности од нашите деца е да ги учиме да споделуваат, да помагаат, да бидат хумани, да знаат да подадат рака на послабите и понемоќните од нас.

Ниту еден родител не би смеел да си дозволи неговото дете да биде себично, да замижува пред неправдите и нееднаквоста.

Родители, учете ги вашите деца да помагаат. Најнапред, почнувајќи од дома. Научете да им помагаат на нивните баби и дедовци. Потоа, на оние најблиските. Нека го поделат оброкот со другарчето од училиште кое не може да си го дозволи тоа. Облеката и играчките кои веќе не им се потребни нека ги подарат на оние кои ги немаат, не можат да ги имаат, а очајно им се потребни.

Научете ги да прават дела на добрина, тивко, без фалби. Само научете ги да бидат луѓе и верувајте дека еден ден тие ќе придонесат за барем малку овој свет да стане подобар за живеење.

Учете ги да споделуваат. Тоа ги прави луѓе. Да помагаат. Така, нивното срце ќе биде уште поголемо!

  • Текстот ни го испрати наша редовна читателка. Испратете и вие свој текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button