Филм за убав ден

Филмот кој е наш предлог за денес е инспириран од вистински настани.

Еден вдовец се наоѓа во безизлезна ситуација: го губи старателството врз својата ќерка и не може да најде стабилна работа. Прифаќа работа како камионџија со единствен услов: не смее да поставува прашања. Но, кога ќе дознае што превезува тој се соочува со момент кој целосно може да му го смени животот.

Филмот е во режија на Бен Смолбоун, а главните улоги ги толкуваат Џоел Смолбоун, Бјанка Сантос и Дејвид Коечер.