Најдоброто решение за акните

Акните се проблем кој мачат многу жени низ светот, но се чини дека конечно решението пристигна.

Иако прво што ќе ви падне на памет е некој скап козметичи третман или луксузен крем, всушност станува збор за масло кое може да го реши најголемиот проблем на жените.

Маслото од сандалаво дрво помага во борба со акните и може успешно да ги излекува, а резултатот да е траен. Ова масло доажа од сандаловото дрво кое се одгледува во Југоисточна Азија.

Според дерматологот Франческа Фуско, ова масло навистина помага во борбата против акните и кај тинејџерите, но и кај возрасните. Маслото има противвоспалително и антисептичко дејство кое ги третира и лекува акните многу подобро од кремите и лосионите кои ги имаат истите својства.