Сонот е директно поврзан со вашиот успех!

Истражувањето спроведено во 11 европски земји, меѓу кои Хрватска, Литванија, Унгарија, Летонија, Естонија, Полска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Чешка и Словачка, на повеќе од 58000 испитаници покажало дека вработените лица кои спијат шест и помалку часа во текот на работната недела се повеќе се жалат на стрес на работа, чудни болки во телото и се напнати.

Најмалку часа во текот на ноќта спијат оние кои земаат просечна или подпросечна плата, додека пак највеќе спијат оние чии месечни приходи се поголеми од просечната плата во земјата каде што живеат.

Истражувањето довело до интересни заклучоци: оние кои спијат подолго и поквалитетно имаат повеќе шанси за напредување и за поголеми приходи, за разлика од оние кои си го кратат сонот.  Исто така, оние што спијат помалку се соочуват со повеќе проблеми на работното место, често размислуваат за отказ, анксиозни се и имаат проблем со концентрацијата.