Саемот на книга ќе започне на 4. април

За љубителите на пишаниот збор, април е најубавиот месец поради саемот на книги.

На Скопски саем од 4. до 10. април ќе се одржи 29. по ред Меѓународен саем на книгата. На саемот, посетителите ќе имаат можност да ги пронајдат најновите изданија на белетристика, стручна и научна литература, енциклопедии, монографии и едукативни прирачници од домашни, но, и од странски издавачки куќи.

Македонските издавачи преку нивните официјални страни на социјалните мрежи најавија и големи попусти на книги, промоции на нови дела и дружење со писатели.