Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Ирина Поповска

Денот е долг и неретко заморен, но постојат неколку мали слатки задоволства што може да го променат моето расположение во многу кус рок. Нешто без што утрата би биле неподносливи е јакиот вкус на црното кафе, кое го конзумирам во големи количини. Дел од моето секојдневие се моите две кучиња, Арон и Шарко, кои во комбинација можат да бидат многу напорни, но со нив никогаш не е досадно. Тие секогаш знаат како да изнудат насмевка, па дури и кога прават нешто што не треба. Меѓу првите три работи кои се исклучително важни за мене е музиката. Само првите неколку тонови од моите омилени песни може да ми го поправат и најлошиот ден, или пак убавиот да го направат уште поубав. За ослободување од негативната енергија, но и одржување на здравјето, сметам дека најважно е практикување на физичка активност. Се трудам барем четири пати во неделата да посветам неколку часа на вежбањето. За една личност да е среќна, потребно е да има со кого да ја сподели таа среќа. Затоа, според моето гледиште, блиските личности се многу важен и неизоставен сегмент од рецептот за убав ден. Секако, има и многу други работи, но списокот би бил премногу долг, па тука уште би ги посочила книгите, филмовите, долгите прошетки во природа, љубовта и продолжените викенди.

Поврзани статии

Back to top button