Билката која ослободува од напнатост и стрес

Мелисата или маточнината е билка која е позната уште од дамнешни времиња. Се сметало дека таа е храна за телото и душата. Името го добила по грчката нимфа Мелиса која му го спасила животот на Зевс, а во знак на благодарност тој ја претворил во пчела за да лета над лимоновата трева, денес позната како маточнина. Мелисата е многугодишно зелјесто растение од фамилијата усноцветни. Потекнува од земјите околу Средоземното Море, но се култивира и низ цела Европа и Северна Америка.

Маточината има многу лековити својства, а нејзиното најважно е тоа што помага при стресни ситуации, анксиозност и инсомнии. Чајот од ова растение преставува вистински избор за надминување на стресните ситуации, како и главоболката која е предизвикана од стрес или повраќање на нервна база. Помага и кај депресивните луѓе и го подобрува расположението. Шолја чај од ова растение ќе ви помогне да спиете подобро и поцврсто. Делотворна е и кај нередовните менструации кои се предизвикани од стресот. Освен тоа, овој чај го подобрува и помнењето и се препорачува кај лицата кои имаат ризик од деменција.