Кажете „не“ кога треба, јасно и гласно!

Често се наоѓаме во ситуации кога треба да дадеме негативен одговор и бидејќи тоа знае да биде толку тешко, даваме позитивен иако тоа не баш она што сакаме.

Докторот Џон Демартини вели дека денес многу често и лесно велиме „да“, а всушност забораваме дека има многу моќ во моментот кога ќе одбиеме нешто или некого. Сетете се само колку пати сте прифатиле некому да направите услуга иако сте сакале да одбиете? А каде е времето за вас и вашите потреби?

Според Демартини, треба себеси да се ставите на прво место и не би требало да ви биде срам или проблем да изговорите „не“ секогаш кога не сакате нешто да направите.

Со зборовите на овој доктор и автор би се согласила и Саманта Џонс, лик од популарната серија „Сексот и градот“ која знае дека ние самите треба да сме на прво место на листата на наши приоритети. Само сетете се на нејзината фамозна реплика: “I love you, but I love me more”.

И запомнете, не е нарцисоидно да се сакате себеси. Не е воопшто лошо да кажете „не“ доколку не сакате да му помогнете на некој друг за некоја обврска, доколку не сакате да направите услуга, доколку не сакате да излезете со некој.

Секој човек има свои приоритети и вредности според кои живее. Сите тие имаат своја вредност. А кога некому ќе кажете „не“, наместо вина, треба да чувствувате ослободување, затоа што може да се фокусирате на вашите приоритети, наместо да извршувате обврски кои ќе ва направат напнати.

loading...