Рецепт за убав ден

Рецепт за убав ден на Тина Мицковска

Во рубриката „Рецепт за убав ден“ денеска се дружиме со Тина Мицковска, млада и насмеана девојка која има интересни методи за тоа како да си го направи денот – убав и весел.

Рецептот за убав ден е од оние рецепти на кои им треба посложена подготовка и внимание. Уште рано наутро треба да почнете да го подготвувате овој рецепт. За мене идеален почеток на денот е цеден сок од портокал и лимон кој ми дава енергија за да можам да испеам барем пет-шест песни во автомобил додека возам низ гужвата до работа. Таму ме чека една од главните состојки за среќа во рецептот- мојата крзнена колешка Луна. Таа е преслатко кученце малтезер кое целото работно време го поминува со мене. Бидејќи канцеларијата ми е на градскиот плоштад целиот ден ми поминува во среќавање на драги луѓе кои што секако ми го разубавуваат денот. Пролетта е уште една состојка во рецептот која може да ја конзумираме една сезона во годината, па затоа е важно што повеќе да се искористи. Пиво после работа со пријателите, или кафе во парк на сонце – и двете комбинации се идеални. Доколку не пуштам музика во некој од скопските локали, крајот од денот задолжително завршува со многу гушкање и со некоја интересна серија или филм. Секој ден може да биде убав, доколку самите се потрудиме да го направиме таков. Бидете позитивни и ќе нема ден во кој нема да уживате.

Поврзани статии

Back to top button