Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Снежана Билко

Снежана Билко е мотивациски говорник, секогаш со позитивна енергија, насмеана и среќна. Денеска, споделува што треба да направите за денот да ви биде убав.

Кога ќе легнете навечер, завршете го денот со позитивна мисла. Доколку го завршите денот со позитивна мисла, тогаш и утрото ќе се чувствувате убаво и ќе вибрирате високо. Наутро кога ќе ги отворите очите кажете си неколку благодарности, заблагодарете се на сè што имате и поседувате, било да е материјално или духовно. Заблагодарете се на сè што ве опкружува. Потоа останете сами во тишина барем 15 минути и направете медитација. После овие ритуали нека ви започнат вашите дневни обврски. Кон секоја задача пристапете со позитивна вибрација, што и да правите, фокусот нека ви биде во она што го правите. Гледајте на сите нешта позитивно во текот на денот. Најважно од сè, насмевнете им се на сите оние луѓе кои ќе ги сретнете во текот на денот, насмевката нека ви биде блага и срдечна, со тоа им посакувате убав ден, а воедно и ширите позитивна енергија. Кога ќе завршите со работните обврски опуштете се во када со топла вода или евентуално со долго туширање. Почувствувајте како со водата се мијат од вас сите стресови насобрани во текот на денот. Следува време кое ќе го посветите за себе. Размислете што најмногу сакате да правите во слободно време и направете го тоа. Следуваат и моментите за вашиот партнер, деца, вашите најмили…Искористете го секој момент во искажување љубов, пружете им топла прегратка и не заборавајте да им кажете дека ги сакате. Вечерта, завршете го и овој ден на висока вибрација и мислете само и само на убави нешта. И запомнете, вие сте креатори на вашата реалност која ќе ја живеете. Искреирајте убава и позитивна реалност. 🙂 Ова е еден мој мал Вортекс Рецепт за убав ден! 

Поврзани статии

Back to top button