Само затоа што те сакав…

Бев спремна денот во ноќ да го претворам, сонцето со облак да го заменам, среќата за зло да ја прокоцкам. Само затоа што те сакав си ги прокоцкав годините, си ги изгубив деновите и не ја живеев младоста.

Најубавите години со тебе ги минав. Но, не осетив дека се најубави, време на тебе залудно трошев. Млада бев, мислев човек може човека да го промени, мислев со мојата добрина ќе се заразиш како од заразен вирус, но погрешно мислев. Толку многу се трудев, се жртвував, но залудно било се. До тебе не допрев, а ти длабоко во мене допре, но и ти мене не успеа да ме промениш. Не направи од мене некој сличен на тебе, не станав лошотилук како тебе. Не дозволив да ми ја уништиш вербата во љубовта и да ми ја згаснеш надежта.

Јас секогаш ќе сакам искрено и чесно, со цело срце. Иако ме повреди, иако се изгорев. Ти за мене беше само лекција, која ја научив, и која сега сум решена дека ја оставам позади мене засекогаш!

loading...