Неколку причини поради кои бившиот ви праќа пораки!

И покрај тоа што веќе не сте заедно, тој постојано ви ѕвони и ви праќа пораки. Што се крие зад ова и зошто го прави тоа?

Од навика

Пораката “добро утро” и “добра ноќ”, беше дел од неговата рутина и не може лесно да се одвикне. Додека не заборави или не најде нов број за испраќање слатки смс пораки ќе пишува кај вас.

Му недостигате

Секако ова е најочигледната причина за испраќање пораки по раскинувањето и не може да го обвинувате. Сепак, не се заборава се така лесно и брзо.

Слушнал дека имате некој друг

Се уште не постои доказ за тоа, а најсигурниот одговор е кај вас. Во некои случаи, поранешните момци чувствуваат потреба да се вратат во живот на бившата само затоа што слушнале дека таа има некој друг во животот. Повторно не може да го обвините, оти тоа е во природата на човекот.

Нешто го потсетило на вас 

Од време на време, некои работи не потсетуваат на поранешните партнери и едноставно ни се потребни во тој момент. Пораката не секогаш има длабоко значење, не заборавајте.

loading...