Задолжително парче гардероба за оваа зима!

Едно парче гардероба оваа зима ќе биде омилено на секоја жена. Модните блогерки веќе го најавиа на социјалните мрежи и може да се каже дека и низ улиците може да се забележи дека е добро прифатен овој тренд.

Дамите го носат со високи чизми, со патики и со секакви модели на чевли. Во зависност од пригодата го комбинираат со фармерки, панталони, штосни чипкани или безбојни хулахопки.

Сигурни сме дека ќе стане дел и од вашето секојдение затоа што долгиот и широк џемпер не само што многу топли туку и е едноставен и лесен за комбинирање и ќе ги прикрие килограмите кои можеби ги имате плус или минус.

Одлично стои скоро на секоја жена, погледнете ги фотките во продолжение и уверете се!

loading...