Од насУбави муабети

Јас се изгорев, немојте и вие!

Најкардиналната грешка на една жена е што често пати умее да заборави колку вреди. Па, зар некој може да ни биде поважен од нас самите? Не може! И не смее! Но, на моменти секоја од нас се однесувала како да може.

Ќе качиме некој на пиeдестал, ќе го кренеме и многу повеќе од што заслужил…

Кој е доволно важен да ни го расипе расположението, денот, неделата, месецот или животот? Никој!

Не ставајте никој пред себе. Не менувајте си го карактерот за никој. Не откажувајте се од кариерата и пријателите за никој. Оти и кога ќе го дадеш прстот, малку ќе е. Ќе ја дадеш и раката па и тоа малку ќе е. Ќе гледа како да ти ја откорне со се клучна коска. Не дозволувај да си ништо во очите на оној кој за тебе е светот. Не се гази самата за да не те згази тој некој. Прво твоите желби гледај ги, остварувај ги, сонувај ги и никогаш не ги заборавај. Не потискај си ја душата за некој кој при очи е слеп. Живеј, едноставно живеј! Под ова ѕвездено небо има некој кој ќе знае да те цени.

Поврзани статии

Back to top button