На ваквиот партнер веднаш раскини му!

Имаш тенденција да го идеализираш твојот партнер и често не ги гледаш неговите грешки. Од моментот кога се запознавте, гледаш низ розови очила со пеперутки во стомакот. Драга моја, време е да ги отвориш очите. Ако ги приметиш кај него овие ситуации, добро размисли дали можеш да бидеш среќна со него и дали тој е твојата блиска душа.

Избегнува да те запознае со фамилијата и со своите пријатели. Не се одлепува од својот мобилен телефон. Постојано ги раскажува случките со предходните девојки. Не може сам да донесе ниту една одлука. Повеќе те критикува, ретко те фали. Не зборува ништо за себе и личните работи се само негови, ни на крај памет не му е да ги сподели со вас. Објавува дневно по пет селфи фотки на социјалните мрежи. Заборава се што му кажуваш за тебе. Многу е силен на зборови, но со делата е слаб. Ако барем половина од овие знаци ги препознаваш кај својот партнер, сега е вистинско време да тргнеш напред, без него. Со нарцисоиден човек кој само себе си се сака нема да почувствуваш ниту љубов ниту среќа!

loading...