Зошто изневеруваат и оние кои се во среќна врска?

Како е можно некој што е среќен во врска да има потреба да биде интимен со друго лице? Имаме одговор …

Естер Перел, терапевтката за парови откри пет причини поради кои најсреќните парови се соочуваат со изневерување.

“А делуваа толку среќни заедно”, реченицата која се слуша кога се дознава дека една врска ја уништило изневерувањето. И можеби луѓето се во право, можеби таа врска навистина била стабилна и среќна. И, тоа сите нас не збунува, како е возможно кога некој е среќен во врската да се предаде на трето лице и да биде интимен со него??? Изневерувањето денес е посилно од порано. Постојат неколку вида на изневерување, преку смс, на интернет, вежбајќи во теретаната, на улица, буквално секаде, но се започнува од главата. Штом некој науми да ве изневери, ќе го направи тоа во првиот даден момент, па макар и четувајки по цела ноќ со друга особа.

Технологијата го прави изневеруањето полесно од било кога. Интернетот овозможува да го изневерите партнерот, емоионално и сексуално па макар и тој некој да е на другиот крај на светот. Практично можете да го изневерите партнерот додека тој лежи на другиот крај на креветот. Сите постојано се закачени на социјалните мрежи, се е лесно и достапно. Не мора ни да ја допрете другата личност, но со самото тоа што си го замислувате бакнежот со неа вие сте веќе оној кој изневерува. Мислите понекогаш се посилни и пострашни од делата… Потребата за сигурност и потребата за возбуда не се балансираат. Перел вели дека секоја личност има потреба од две чувства, од сигурност и од нова возбуда. Сите кои се во врска имаат потреба од двете чувства. Кога возбудата во врската ја снемува настапува изневерувањето. Оние кои изневеруваат сакаат да се променат себе си а не да го променат партнерот. Многу луѓе себе си се тестираат до каде можат да отидат и што можат се да направат и затоа изневеруваат. За тоа не е вопшто виновен нивниот партнер. Изневерувајќи тие ја бараат новата верзија од себе си. Сакаат да се чувствуваат живи. Изневерувањето нема врска само со сексот и со љубовта. Луѓе ширум светот кои некогаш изневериле велат дека токму тогаш се чувствувале живи. Возбудата дека партнерот нема ништо да дознае ги оживува.

 

 

 

loading...