Изневерувањето значи дека во врската постои лага, некој вид двоен живот. Оној кој изневерува често пати живее во хаос, во лага и играјќи прљава игра. Нанесувајќи болка и нож во туѓ грб, тој се повредува себе си, несвесно.
Она што од женски агол можам да го кажам е дека секоја една жена повеќе ја боли емоционалното изневерување од физичкото. Чувството дека нејзиниот партенер гаи длабоки, силни емоции и фантазии за друга жена е многу болно.
Жената може да се помири дека партнерот ја изневерил, спиел со друга жена, држал друга за рака, но не може да се помири и лесно да прифати дека оној нејзиниот е заљубен до коска во друга жена, жена која не е она. Повеќето жени напредуваат и вложуваат на емоционалната врска со својот партнер. Тоа е основата и среќата на нивниот живот, а не сексуален однос!
Откријте како да ги исчистите белите дробови за само 2 дена