Убави дестинации

Градот во кој доаѓаат околу 50.000 туристи дневно!

Венеција е главен град на регионот Венето и провинцијата Венеција во североисточна Италија, познат е и како град на каналите. Трагата на вековите што изминале е впиенa во секој нејзин дел. 

Романтичната Венеција ќе ве воодушеви на прв поглед. Градот на вода се вели дека е и град на мостовите. Тој е изграден врз архипелаг во Јадранското Море кој се состои од 118 островчиња. Но, градбите не се подигнати директно врз островчињата, бидејќи тие не биле доволно стабилни за да ги издржат зградите, па затоа, во морето и на малите парчиња копно се поставени милиони дрвени платформи врз кои се изградени сите градби.

Има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали параброди и моторни бродови и преку 400 мостови. Најголем е Големиот канал, кој има уникатна S форма и го разделува градот на половина

Најинтересно за посетителите е фотографирањето на романтичните мостови за вљубените и возењето на Гондола (има преку 400 гондоли). Едноставно плени со своите разобојни палати, тесни улички и мали плоштади. 

Ретко убав и урбан град кој блеска со својот богат историски развој. Едноставно мора да се доживее! 

Поврзани статии

Back to top button