Од насУбави муабети

Дали и вие сте пар кој се расправа на празници?

Кога зборуваме за празнични прослави, замислуваме луѓе кои се блиски како уживаат во разговор, подготвуваа љубовни оброци, наздравуваат и уживаат. Сепак, статистиките покажуваат дека многу парови најмногу се расправаат за време на празниците, и еве зошто …

Семејството за жал може да биде една од главните причини за кавга. Секој влече на своја страна и на никој не му е лесно да биде помеѓу два огна. Вашето семејство сака со нив да ги поминете празниците, а и неговото семејство го очекува истото. За да не доаѓа до кавги обидете се да го решите проблемот со договор. Еден празник со едното семејство поминете го следниот со другото.

Финансии се исто така причина за кавга. Да бидеме реални празниците се скапи сами по себе, особено во денешно време. Треба да се одвојат финансии за поклони, за гардероба, за свечена трпеза… Малку по малку и на крајот излегува дека празниците се дури и луксуз. Во такви ситуации е тешко да се размислува реално и атоа е важно да не дозвилите од тоа да избие кавга, туку на смирен начин да ги одвоите финансиите и да започнете од приоритетните трошоци.

Празниците ни носат многу повеќе заедичко поминато време. На толку саати седење без обврски и работа лесно е да се случи расправија. Алкохолот кој го конзумираме за време на празниците исто така допринесува за недолично однесување.

Патувањата се чести за време на празниците а тие самите со себе носат и стрес. Стресот може да биде преизвикувач на нпотребна кавга. Затоа пред време наполнете се со трпение и разбирање и започнете го патувањето.

Роднините може да поставуваат незгодни прашања кои ќе ве извадат од колосек. На пример: Кога планирате брак? Кога дете, прво дете, второ дете? Тие прашања се само ваш проблем и не треба никој друг да ги интересира, затоа соодветно и внимателно одговорете и променете ја темата.

Хировите на децата за време на празниците се зголемуваат. Сакам ова, нејкам тоа…желби безброј. Однесувањето на вашите деца сигурно е дека ќе влијае и на вас. Смирено и контролирано реагирајте, колку можете.

Поврзани статии

Back to top button