Од насУбави муабети

Проблемот е во тебе, не е во мажите…

Од кога постои светот на сингл девојките им се поставуваат истите прашања и со нив се разговараат оние паушални раговори. Доколку пред фамилијата, друштвото и комшиите кажете дека немате дечко овие прашања и “мудрости” со сигурност нема да ве заобиколат:

Никогаш нема да најдеш момче со таков став.

Намали ги барем малку критериумите.

Проблемот е во тебе, не е во мажите.

Ти не си подготвена за врска.

Што подолго чекаш толку помали ќе ти се шансите да најдеш некој…

Ќе останеш немажена.

Кога мислиш да родиш и да се оформиш како мајка?

Ќе бидеш стара мома.

Не е возможно да не постои ни еден маж кој ти се допаѓа.

Посети психијатар, разговарај, жено имаш проблем!

Доста се забавуваше сега е време да се средиш и вдомиш.

Од толку бирање на крај најлошиот ќе го одбереш.

Годитите знаеш дека те газат?

Со дипломата нема да се гушкаш навечер.

Другарките децата на училиште ќе ги пратат ти само на работа мислиш.

Не ти здосади сама да излегуваш?

Сигурни сме дека и вие имате по некоја баба, комшика или тетка која кога и да ве види ве тормози со вакви муабети.

Не заборавајте, вие најдобро знаете што е добро за вас. Уживајте и живејте како што сакате. А на ваквите муабети само насмевнете се и одбијте на глупост!

Поврзани статии

Back to top button