Од васУбави муабети

61 година во брак, живот во дом за стари лица и неизмерна љубов до крај!

Џејмс и Ејлин се среќен пар. Се запознале пред 66 години. Ја прославиле својата 61 по ред годишнина од брак во дом за стари лица. Тие ја споделиле тајната на нивниот среќен брак токму на нивната годишнина. Сопругата (94) вели дека трпението и компромисот се најважни работи во бракот. Трпението, а особено компромисот, е она што толку долго ги држело заедно. Сопругот работел во фабрика за извоз пред да се пензионира и уживал во играње голф. Сопругата била домаќинка, мајка и волонтер во хуманитарно здружение 26 години.
Џејмс (92) вели дека кога прв пат се сретнал со Ејлин, веднаш не знаел дека таа е правата за него, но подоцна сфатил. Овој романтичен пар обожувал да патува со своите три деца. Како и во секој брак, и тие имале проблеми и тешки времиња, но трпението и разбирањето што ги имале еден за друг овозможиле да ги надминат сите потешкотии. Сопругата вели дека најтешкиот период во животот им бил кога децата биле тинејџери, сопругот често патувал а таа останувала сама со нив. Тој период таа го доживувала како голем предизвик кој мора да го издржи. Со голема верба во сопругот и со бескрајно трпение таа издржила. Џејмс и Ејлин го сакаат својот живот во старечкиот дом, се сакаат, живеат среќно, без грижи, имаат чувство на слобода и трошат време да прават интересни работи. На крајот, Џејмс ве советува ако сакате вашиот брак да успее, обидете се да не се грижите премногу и само препуштете се!

Поврзани статии

Back to top button