КариераУбави совети

Колешката може ли да е вистинска пријателка?

Сосема е нормално да се биде близок со некој колега кој го има истиот интерес како вашиот, со кого вашата енергија се совпаѓа. Но, дали пријателствата што се стекнати на работното место се вистински? Бидејќи, има голем број на оние кои прекинале контакт кога едниот од нив ја променил својата позиција или компанија. Грчкиот филозоф Аристотел кажал дека ваквото пријателството има јавна и приватна страна, и дека сè во суштина се базира на корист и задоволството.

Корисноста за која говоерл тој е само една од главните карактеристики на пријателства создадени на работното место. Не е за алчноста, туку за соработката на “она што можеме да направиме заедно”. Бизнис пријателствата обично започнуваат со заеднички проект, и кога тој ќе заврши, често завршува и пријателството. За да продолжи, потребна е посилна мотивација.

Некои психолози велат дека ваквиот однос е повеќеслоен бидејќи го зајакнува моралот на тимот, овозможува делење на заедничките вредности, обезбедува циркулација на информации и нè поврзува на работното место, каде што го минуваме голем дел од денот.

Со цел да се развие вистинско пријателство, потребни се околу три години, а на работното место тоа иде многу побрзо, бидејќи ние сме секој ден по половина ден заедно. Затоа е најдобро да се каже дека пријателството од работа е повеќе од познанство, и малку помалку од пријателство. Повеќе не е реално да се очекува, само замислете колку ќе ви е тешко да бидете во ситуација кога бизнисот оди надолу. Како би можеле на пријател да му кажете дека не работи добро и не се посветува доволно, или да му кажете дека му се подготвува намалување на плата или отказ кога малку пред тоа сте разговарале за приватни теми и сте си кажале по некоја тајна пиејќи вино заедно.

Поврзани статии

Back to top button